Министерството за финансии враќа 6,95 милијарди денари во стопанството

Bez autora
May 07 2014

Министерството за финансии денеска враќа 6,95 милијарди денари во стопанството по основ доспеани државни хартии од вредност. Во вторник на аукција беа запишани 6,26 милијарди денари, што значи дека денеска се враќаат 684 милиони денари (11,1 милиони евра) повеќе отколку што вчера беа повлечени. Ова се свежи средства кои Владата ги става на располагање за да се подобри ликвидноста на стопанството, односно средства кои банките може да ги пласираат како кредити на фирмите. Владата и Министерството остануваат посветени на зголемување на ликвидноста на домашниот пазар на капитал за бизнисот. Потсетуваме дека е предвидено Владата да обезбеди нови 100 милиони евра кредити по субвенционирана камата за малите и средни фирми од Европската инвестициска банка, како и нови 10 милиони евра кредити со докапитализација на Македонската банка за поддршка на развојот. Со тоа на фирмите им се ставени на располагање скоро половина милијарда евра, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

Министерството за финансии враќа 6,95 милијарди денари во стопанствотоМинистерството за финансии денеска враќа 6,95 милијарди денари во стопанството по основ доспеани државни хартии од вредност.

Во вторник на аукција беа запишани 6,26 милијарди денари, што значи дека денеска се враќаат 684 милиони денари (11,1 милиони евра) повеќе отколку што вчера беа повлечени. Ова се свежи средства кои Владата ги става на располагање за да се подобри ликвидноста на стопанството, односно средства кои банките може да ги пласираат како кредити на фирмите.

„Владата и Министерството остануваат посветени на зголемување на ликвидноста на домашниот пазар на капитал за бизнисот. Потсетуваме дека е предвидено Владата да обезбеди нови 100 милиони евра кредити по субвенционирана камата за малите и средни фирми од Европската инвестициска банка, како и нови 10 милиони евра кредити со докапитализација на Македонската банка за поддршка на развојот. Со тоа на фирмите им се ставени на располагање скоро половина милијарда евра", се вели во соопштението од Министерството за финансии.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik